Облачно и дождливо време со температура до 18 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи до 17 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе предизвика позначителен пад на температурата.

Поврзани новости