Облачно и дождливо време, од вторник се најавува стабилизација и пораст на температурите

by fokus

Променливо облачно време со врнежи од дожд во утринските часови најавуваат синоптичарите за денеска. Од пладне на одредени места ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерене ветер со променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливото време со врнежи од дожд. На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено во понеделник. Од вторник, врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

Поврзани новости