Објавени спорните гласачи кои треба сами да се пријават

by fokus 18:01
18:01

Државната изборна комисија денеска го објави списокот со 39.502 гласачи за кои не беа најдени податоци во ниту една институција. Овие гласачи сега имаат рок од 25 дена да се пријават за да бидат впишани во Избирачкиот список. Во спротивно, нема да имаат право да гласаат.

Списокот е објавен на веб страницата на ДИК, односно на овој линк. Гласачите ќе треба лично да се пријават во подрачните единици на ДИК со приложување важечка лична карта или пасош.

За да се олесни пријавувањето, овозможена е и елекронска апликција за пријавување, каде спорните гласачи ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош.

Поврзани новости