Објавени нови “бомби”: Мицкоски и Кичеец се договараат за изборите во 2019 година

by fokus

Нови четири аудио снимки на кои може да се слушнат разговори меѓу Зоран Милески – Кичеец и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, снимени пред првиот круг претседателски избори во април 2019 година, денеска се појавија на Јутјуб. Објавувачот на снимените аудио материјали засега е непознат.

На снимките може да се слушнат теренските активности на Кичеец во Охрид, стратегии за соработка на избори, а Кичеец во еден момент му кажува на Мицкоски дека се што било побарано од него е завршено и дека е добар извршител, кој не зборува наоколу.

Исто така, во разговорите се слуша како се прави анализа на состојбите во Охрид и конкретна сосработка за вториот круг на изборите. Аудио снимките откриваат и дека Кичеец открива можна средба на Мицкоски со Камчев.

Пред девет месеци Мицкоски на прес конференција обвинуваше дека власта сака да го вовлече и инкриминира во случајот „Рекет“.

-Сакаат да создадат слика во јавноста дека Мицко зел пари од Зоки Кичеец, рече Мицкоски, па додаде:

-Сум се гледал со сите слободни граѓани, но суштината е дека власта сака да покаже дека тој Зоки му дал пари на Мицко. Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор“, рече Мицкоски пред девет месеци.

 

Поврзани новости