Објавен списокот на фирми што зеле пари од државата, а не им дале плата на работниците

by fokus

Владата ја објави ажурираната анализа на неисплатена државна помош за ноември за минимална плата од страна на работодавачите корисници на оваа помош.

Компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а не им дале плата на вработените се достапни на: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/neplateno_2020_11.pdf

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.

За ноември минатата година поднесени се 13851 барања и на 13 178 работодавачи е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65 950 вработени.

За 245-те работодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка.

Поврзани новости