Обиколницата Скопје пуштена за сообраќај

by fokus

Обиколницата Скопје која беше затворена по големото невреме од саботата, попладнево беше пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ информира дека има делови од коловозот кои се оштетени и таму се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Поврзани новости