Обиколницата денеска отворена за сообраќај

by Фокус

Поради врнежите од дожд, обиколницата во текот на денешниот ден е отворена за сообраќај, информираат од АМСМ.

-Во името на продукциската куќа „Шик филмс“ и мануфактура продукција, согласно со временската прогноза во која се најавува дожд  ве известуваме дека обиколницата околу Скопје денеска повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните, се вели во соопштението на АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Поврзани новости