Обиени партиските постории на ВМРО во Охрид, СДСМ бара да се пронајдат сторителите

by Фокус

Синоќа биле обиени просториите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, информираат од општинската организација на ДПМНЕ во овој град. Како што велат од таму, освен скршените два надворешни прозори преку кои лицата влегле во просториите, нема оштетувања на инвентарот во комитетот.

– Се надевам дека полицијата ќе го истражи случајот и ќе ги изведе пред лицето на правдата оние кои го сториле делото. Може да има поврзаност и со денешните случаи и протестот за поддршка на приведените, велат од охридскиот комитет на ДПМНЕ, кој денеска во Охрид организираше протест против приведените за настаните во собрание на 27 април.

Овој инцидент го осуди општинската организација на СДСМ. Од таму ги повикаа органите на прогонот, согласно нивните овластувања, да ги преземат сите можни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот.

„Правната држава подразбира функционирање на правото и сигурност за сите граѓани на Република Македонија подеднакво, и во таа насока, очекуваме дека сторителите во најкус можен рок ќе бидат изведени пред лицето на правдата“ се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости