Обиен штабот на СДСМ во Штип, украдени дел од документите

by Фокус 21:10
21:10

Партискиот штаб на СДСМ во Штип денеска бил насилно обиен, а однесен е и дел од документацијата, потврди Владимир Милошев од Општинската организација на СДСМ во Штип.

– Извршено е насилно влегување во партиските простории, направена е значајна материјална штета, претурена е целата партиска документација. Набргу ќе знаеме што недостасува од документацијата – вели Милошев.

Од СДСМ не сакаат да посочат на некого како можен сторител, единствено апелираат истражните органи да си ја завршат работата и да го откријат сторителот.

- Advertising -

 

Поврзани новости