Обид за државен удар во Турција, Анкара и Истанбул под опсада на војската

by Fokus

Дел од војската се обидува да изврши државен удар во Турција, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, по извештаите дека воени хеликоптери и авиони ниско летаат над Анкара и Истанбул, пренесуваат светските медиуми.

Очевидци на настанот објавиле дека голема воена операција се случува во неколку градови низ Турција, војници имало на сите страни, а се блокирале и мостови во Истанбул. Исто така, и тенкови биле забележани на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Турскиот премиер ја презел дел од војската и се обидува да стигне во земјата.

Премиерот Јилдирим одбил да се признае дека тоа е државен удар, но го осудил нелегалниот обид за преземање на власта во војската.

– Ова е обид за бунт. Ние нема да дозволиме ваков начин на победа. Ние ќе се придржуваме до демократијата. Владата е избрана од народот и ќе си оди само кога народот ќе одлучи дека така треба – истакнал тој на турската телевизија НТВ.

Поврзани новости