Обезбедувањето на Град Скопје не дава родителите и децата со посебни потреби да кампуваат

by fokus 12:01
12:01

Тројца од обезбедувањето на Град Скопје не им дозволуваат на здружението на родители кои имаат деца со посебни потреби „Сплотени срца“ да постават шатори во скопскиот „Жена парк“. Обезбедувањето вели дека настанот не бил најавен, објави Плусинфо.

Порталот пишува дека сликата пред Собранието е тажна, обезбедувањето ги затвора поставените шатори, а во еден миг дојде и до туркање кое се закануваше да прерасна во физичка пресметка. Сето тоа го гледаат децата во колички, а и тие кои се наоѓаат во возилата во близина на шаторите.

- Advertisements -

Родители пред два најавија дека заедно со своите деца денеска во 9 часот ќе ги распнат шаторите спроти Собранието и со своите болни деца ќе кампуваат три дена, и тоа секој ден во месецот, сè додека политичарите не се освестат да ги решат нивните проблеми.

Поврзани новости