Обесштетени 80 отсто од штедачите во Еуростандард

by Fokus 11:08
11:08

Фондот за осигурување депозити досега преку четирите банки преку кои се врши обештетување на штедачите од Еуростандард банка има исплатено 3,3 милијарди денари, што претставува 80 отсто од вкупно  дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

-Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени, истакнуваат од Фондот за осигурување депозити.

- Advertisements -

Од Фондот наведуваат дека обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити.

Исплатата започна на 15 септември годинава, а се исплаќаат депозити до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари.

Исплатата ќе се извршува преку Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка, Халкбанк.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година, кога и беше одземена дозволата за работа на банката.

Поврзани новости