Обама го осуди насилството во протестите во САД и ги пофали ненасилните демонстранти

by Fokus

Поранешниот американски претседател Барак Обама го осуди насилството во протестите низ САД за расната нееднаквост и прекумерната полициска употреба на сила и ги пофали ненасилните демонстранти кои бараат реформи.

– Огромното мнозинство демонстранти не беше насилно, но „мало малцинство“ ги доведува луѓето во опасност и им штети токму на оние заедници на кои треба да им помогнат на протестите, напиша Обама во коментар објавен на онлајн платформата Медиум.

Обама, демократ кој во два мандати беше претседател на САД пред Доналд Трамп, рече дека насилството „уништува населби во кои честопати недостигаат услуги и инвестиции и го одвлекува вниманието од пошироката цел“.

Во САД веќе шест дена има немири предизвикани поради смртта на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд во Минеаполис, кој почина од насилна смрт од страна на полицаец.

Поврзани новости