Нуланд утре во Скопје, Хан доаѓа во вторник, партиските лидери зацементирани во своите позициии!

by Фокус

Груевски не сака да коментира што би донела посетата на Нуланд утре.

Тој одговарајќи на новинарски прашања рече дека не би можел да знае што може да донесе средбата. Сепак, ниту политичарите ниту аналитичарите не очекуваат утре некое поголемо придвижување на преговорите.

Нуланд пред два дена од Дубровник порача дека македонските лидери треба брзо да изнајдат решение за кризата, во согласност со напорите на еврокомесарот Хан.

Хан, пак во Скопје ќе дојде веќе во вторник, а ќе биде дочекан од зацементирани позиции на двете македонски партии.ВМРО ДПМНЕ не прифаќа ниту министри од СДСМ ниту смена на премиер, а СДСМ бара минимум 4 важни ресори и смена на Груевски 6 месеци пред изборите.

Организација на Влада што ќе организира фер избори во април 2016 та година е договорот на кој се обврзаа партиите со договорот од Пржино.

Поврзани новости