„Њујорк Тајмс” во еднодневен штрајк: Пропаднаа преговорите за зголемување платите на вработените 

by Fokus

Повеќе од 1.100 вработени-членови на синдикат на „Њујорк Тајмс” денеска ќе ја прекинат работата на еден ден, откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и праведен договор”, соопшти синдикатот.

Заминувањето на тие вработени од редакцијата на еден ден е и првпат вработените во Њујорк Тајмс да учествуваат во прекин на работа од крајот на 1970-тите.

Тоа е дел од растечкото движење на работниците низ САД во кое се вклучени вработени од компании како Амазон, Старбакс и Епл, кои се организираа во обид да се спротивстават на, како што велат, нефер работната пракса.

Разговорите траеја повеќе од 12 часа доцна во вторникот и продолжија вчера, но страните останаа далеку од договор за прашањата, вклучително и зголемувањето на платите и политиката за работа од далечина.

Штрајкот ќе се одржи пред канцелариите на весникот во близина на Тајмс Скве

Поврзани новости