Нухиу се сретна со полицајците кои протестираа пред МВР

by fokus

Новиот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу денеска се сретна со полицајците кои протестираа пред МВР, бидејќи иако го положиле едногодишниот курс, се уште не се вработени.

Нухиу им рече дека по новогодишните празници ќе достави барање до министерството за финансии за вработување на 660-те полицајци кои чекаат работно место.

Тој се надева на позитивен одговор, иако како што потсети, претходниот министер, Оливер Спасовски еднаш поднел вакво барање, но немало никаква реакција.

Поврзани новости