НСДП: Наместо да овозможи мирен трансфер на власта, Груевски грчевито наметнува свои концепти

by fokus

Најголемиот виновник за политичката криза упорно се обидува да се наматне како дел од решението на проблемот кој тој го создаде, реагираат денеска од НСДП, откако Груевски вчера на еврокомесарот Хан му повтори дека тие прифаќаат или нови избори или малцинска влада.

-Наместо да овозможи мирен трансфер на власта по институционален пат, Никола Груевски грчевито се обидува да наметнува концепти за излез од кризата, да дава предлози за тоа како би требало да изгледа новата влада на Република Македонија, иако за тоа по 11 декември нема никаков политички легитимитет и кредибилитет. Времето, енергијата и парите кои десет години ги трошеше на создавање на тесна врска помеѓу криминалот и политика, на подредување на државата на лукративните интереси на тесното партиско раководство, очигледно дека на Никола Груесвки не му е лесно да ги остави позади себе, се вели во соопштението на НСДП.

 

Поврзани новости