НСДП: Како Талески раководи со Битола од притвор?

by Фокус

Опозицискиот НСДП изрази се сомнева дека мерката куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески се спроведува и исполнува целосно според закон, со оглед на неговото признание и понатаму раководи и потпишува документи.

„Со ова признание се фрлаат сериозни сомнежи дали мерката се спроведува и обезбедува согласно Законот за кривична постапка. Органите задолжени за спроведување и контрола на мерката куќен притвор да проверат дали мерката се спроведува и почитува на начин како што е опишан во решението на Судот“, побараа новите социјалдемократи.

Поврзани новости