Новозаразените штипјани се текстилни работнички и две деца

by Фокус

Штипскиот кризен штаб одржа состанок по денешното објавување на 14 новозаразени штипјани, меѓу кои има текстилни работнички и две деца. Градоначалникот Благој Бочварски вели дека по масовното тестирање во конфекцијата од каде што почнал да се шири вирусот, но и на работниците од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси, се очекувале вакви бројки. Но, според него, во наредните денови ќе се намалува нивниот број.

-Ние сега практично ги очекуваме резултатите од тестирањата кои се случија во претходните неколку дена од таа текстилна компанија, каде што и за очекување е да имаме неколку позитивни случаи. Како кризен штаб презедовме низа на мерки, направивме дезинфекции пред конфекциите, амбулантите, а денеска продолжуваме со миење на улиците и дезинфекција на детските игралишта – вели Бочварски.

Во моментот, во Штип во самоизолација се 170 граѓани, a на Инфективно одделение се хоспитализирани 15 лица.

Поврзани новости