Новото име треба да го користат и приватни субјекти, па и интернет портали, порача грчкиот министер

by fokus

Напредок има, но новото име треба да го користат и приватни субјекти, па и интернет портали, порача грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е во официјална посета на Атина.

Тој детално се задржа на потребата и неопходноста Северна Македонија, целосно и доследно да го имплементира Договорот од Преспа.

Порача дека по влегувањето во сила на Договорот има завршено доста работа во промената на името, но потребен е натамошен напредок и спомена стриктна употреба на новото име во јавните институции и приватни субјекти, па и на интернет сајтовите, отстранувањето на програмата за антиквизација и на ѕвездата од Вергина, како и преименување на патиштата и други инфраструктурни објекти.

По средбата во грчкото Министерство, Османи и Дендиас потпишаа меморандуми за разбирање во областа на цивилната заштита, за дипломатската едукација и меморандум за разбирање меѓу „Invest North Macedonia“ и „Enterprise Greece“.

Дендиас паралелно ја изрази поддршката на Грција за европската перспектива на нашата земја, како и на регионот и рече дека тоа е важно за неговата стабилност.

Поврзани новости