Ново задолжување од скоро 32 милиони евра за враќање стари долгови

by fokus 20:58
20:58

Владата се задолжи за 31,8 милиони евра кај домашните кредитори. Од Министерството за финансии посочија дека овие пари се за раздолжување. Вчера се вратија 29 милиони евра, а утре 1,8 милиони евра.

На ова денеска реагираше дополнителниот заменик министер Кире Наумов, предупредувајќи дека оваа власт зад себе ќе остави 5 милијарди евра долг на товар на граѓаните.

- Advertisements -

-Министерот за финансии самиот си го демантираше вчерашното соопштение од Министерството. Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12.7 милиони евра. Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со по 1.8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето долгот кон нула на неделна основа, како што тврдеше –  вели Наумов.

Министерството за финансии реагираше на ставот на Наумов.

 -Дополнителниот заменик министер е запознаен дека доколку поради поголема побарувачка на државните хартии од вредност на пазарот на капитал – кои се најсигурни хартии од вредност и за кои има голем интерес, се запише поголема сума од доспеаната за враќање, истите ќе се стават на депозитната страна за следната година – рекоа од Минситерството за финансии.

Поврзани новости