Ново задолжување на Владата од 15 милиони евра

by fokus

Владата се задолжи за 3,6 милиони евра повеќе од планираното, па од домашните кредитори позајми вкупно 15,1 милион евра.

Парите се предвидени за тековни трошоци, со оглед на тоа што утре не е најавено раздолжување по основ на доспеани обврски.

Заемот се обезбеди преку аукција на три месечни и шест месечни записи, како и преку една 15 годишна обврзница.

Инаку, заклучно со првиот квартал од годинава јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 45 % од БДП и во изминативе години е во пораст.

Поврзани новости