Ново рочиште за противзаконската набавка на софтверски систем за ЕЛЕМ

by fokus

Во судница денеска ќе седнат Дејан Бошковски, поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ и уште други две лица – обвинети во случајот на СЈО „Тарифа“.

Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“.

Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Поврзани новости