Ново рочиште против обвинетите за протести за случајот ,,Монструм”

by Fokus 10:59
10:59

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи рочиштето против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики, осомничени дека на 26 февруари учествувале во протестите против пресудата за случајот „Монструм“.

По предлог на одбраната денеска е предвидено да бидат сослушани сведоци.

- Advertisements -

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

Претходно три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, а едно лице со осум месеци казна затвор.

На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.

Поврзани новости