Ново приведување по вчерашниот протест во Мала Речица

by Fokus

Тетовската полиција денеска приведе уште две лица поради учество во вчерашниот настан во Мала Речица кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ. Со тоа досега пет лица се лишени од слобода.

-Денес претпладне се лишени уште две лица В.А (роден 1988) и А.Ш (1991) двајцата од Тетово. Петте лица се задржани во полициската станица во Тетово. Се документира случајот и во координација и консултација со Јавен обвинител се изготвува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поврзани новости