Ново намалување на јавниот долг за два проценти поени

by fokus

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за третото тримесечје годинава, каде се забележува намалување во однос на претходното тримесечје.

Заклучно 30.09.2017 државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8% од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува намалување за 9,6 милиони евра, односно за 0,1 процентен поент .

„Јавниот долг на Република Македонија, кој ги вклучува државниот и гарантираниот долг, за третото тримесечје годинава изнесува 4,69 милијарди евра, што претставува 45,8% од БДП, или споредено со претходното тримесечје претставува намалување за 16,8 милиони евра во апсолутен износ, односно за 0,2 процентни поени“, соопштуваат од Министерството.

Од таму појаснуваат дека намалувањето на јавниот и државниот долг се должи на отплата на обврски за надворешен стар долг во вкупен износ 101,9 милиони евра.

Поврзани новости