Новитет за гостиварчани: Кажете му здраво на Таравари ако имате грижи, сугестии, поплаки

by fokus

Вторник не е единствен ден кога гостиварските граѓани можат да му се обратат на градоначалникот Арбен Таравари. Како што беше најавено, од петоков започна примената на ново катче за директна комуникација “Здраво Таравари”, модел кој започна првично да се применува во Министерството за здравство во времето кога со ова министерство раководеше сегашниот градоначалник на Гостивар.

Катчето “Здраво Таравари” им овозможува на граѓаните, преку електронски пораки на “Whatsapp” и “Viber”, да можат да се обратат за било која идеја, сугестија, пофалба или забелешка, обиди за корупција и други нерегуларности поврзани со функционирањето на локалната самоуправа во Гостивар.

На официјалниот сајт на Општина Гостивар (www.gostivari.gov.mk) поставен е банер со телефонски број: 070 85 80 05, на кој граѓаните ќе можат да воспостават директна комуникација со градоначалникот на Гостивар, г. Арбен Таравари – соопштуваат од службата за информирање на Општина Гостивар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости