Новите мерки предвидуваат поддршка за плати, бришење на камати, бескаматни кредити

by Фокус

Во рамки на петтиот антикризен пакет тежок 160 милиони евра, за поддршка на плати во февруари и март годинава се предвидуваат 1,92 милијарди денари, со што ќе бидат опфатени околу 60.000 работници месечно, додека поддршката ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари.

Како што рече денеска премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, оваа мерка е опционална, односно компаниите ќе може да ја користат или неа или мерката за кредити со нула проценти камата во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт…

Согласно овој пакет, кој опфаќа 29 антикризни мерки групирани во 4 категории, се предвидува и јавните претпријатија на државо ниво да ги избришат каматите на долговите на граѓаните, а Заев ги повика и приватните компании да се приклучат кон оваа мерка.

Според Владата, овој пакет директно се надоврзува на претходните четири и има за цел да ја придвижи економијата кон стапките на раст од 4-5 проценти, односно на динамиката на раст од пред пандемијата.

Поврзани новости