Новиот Закон за дивоградби ќе го „сруши“ и случајот „Лидери“ на СЈО

by fokus

Новиот Закон за дивоградби најверојатно ќе го „сруши“ и случајот „Лидери“, кој произлезе од поранешното СЈО.
Освен овој случај, пред пропаѓање се и останатите кривични постапки побрзани со бесправно градење, како на пример уште еден предмет на СЈО „Тревник“.

Имено, Членот 41 од Законот, додаден на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, предвидува да се стопираат сите граѓански и кривични постапки што се во тек и произлегуваат од постапки за отстранување објекти и постапки во врска со изградба на бесправни објекти од значење за Републиката и од локално значење.

Обвинението за „Лидери“, пак беше поднесено пред неколку месеци, а случајот произлезе од прислушуван разговор меѓу поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се водел додека беа коалициони партнери.

Обвинението е поднесено против педесетгодишен скопјанец кој бесправно градел зграда на два ката со површина од 1.000 метри квадратни.

-Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана, соопштуваат од Обвинителството.

Инвеститорот се товари за кривично дело бесправно градење.

Разговорот меѓу двајцата лидери беше и јавно објавен, а Груевски Ахмети договараат дали и како да се урне објект изграден на „диво“ спроти амбасадата на САД.

Валентина Вурмо

Поврзани новости