Новиот TOYOTA YARIS: Доза на адреналин во секојдневното возење

by Fokus

Претставувањето на новиот, значително изменет Yaris значи продолжување на успехот на малиот хечбек на Toyota на европскиот пазар.  Автомобилот ќе го продолжи успехот во Европа кој трае уште од лансирањето на третата генерација во 2011 година, која резултираше со зголемена продажбата на моделот за повеќе од 6,5 %, или плус 208.000 продажби во изминатата година.

Ова достигнување обезбедува силна основа за продажбите на новиот  Yaris кој треба да ги привлече клиентите  во брзорастечкиот Б сегмент на пазарот. Дизајнот, квалитетот, перформансите и безбедноста се клучните фактори при купувањето, а тоа се и главните области кои се во фокусот на програмата за подобрување на Тoyota.

Моделот Yaris се произведува во фабриката на Toyota во Франција уште од 2001 година. Производството надмина три милиони единици во 2016 година, со автомобили кои се испорачуваа низ целиот свет , вклучувајќи ги и Африка, Северна  Америка и Азија. Со новиот Yaris, за прв пат во историјата на моделот, промените направени кај него се адаптирани и кај моделот Vitz ,произведен во Јапонија.

Во новиот  Yaris се вградени 900 нови делови, се со цел подобрување на дизајнот,перформансите и безбедноста на возилото.

Yaris сега се одликува со посмел надворешен изглед,  со измени во предниот и задниот дел на возилото кои сега му даваат подинамичен изглед.

Промените се видливи и во внатрешноста на возилото, кој сега изгледа помодерно со новиот избор на бои на седиштата, подобрувањата на инструментите и контролите. Тој и понатаму останува еден од најкомотните,најкомпактните и најпрактичните возила во својата класа.

МОТОРИ

Во понудата на новиот модел ќе бидат 3 мотори :

  • Бензинци
    • 0л/69 Кс, MT
    • Новиот 1.5л/111Кс, MT. Го заменува постоечкиот 1.33 VVT-i.

 Новиот мотор испорачува 10% повеќе моќност (111Кс/83Кв) од претходниот 1.33-литарски мотор, и има подобрување во потрошувачката на гориво за 12%. Забрзувањето е скратено за 0,8 секунди.

Хибрид 5л/100Кс, e-CVT

Хибридниот мотор останува да биде главниот адут при продажбата, мотор кој во моментов опфаќа повеќе од 40 % од продажбите на сите Yaris возила во Европа, и нуди најниска емисија на штетни гасови во сегментот . Кога станува збор за хибридниот модел, инженерите се фокусираа на потивко возење особено при забрзувањето. Yaris и понатаму останува едниствен во сегментот кој на купувачите ќе им понуди хибриден мотор, со можност да доживеат релаксирано и интуитивно возење пропратено со мала потрошувачка на гориво и најниска емисија на штетни гасови во класата. При создавањето на новиот Yaris инженерите ги ислушаа реакциите на купувачите за тоа каде треба да се направат подобрувања, се со цел да се обезбеди  поголемо уживање во возењето.

ДИЗАЈН

Промените во дизајнот се фокусираат на повеќе активен и динамичен изглед со зголемена префинетост. Дизајнот на возилото е главниот аспект на кој се фокусираат купувачите во овој сегмент. Резултатот во дизајнот кај новиот модел е подеднакво динамична и емотивна форма на автомобил.

  • Акцент се става на хоризонталните линии кои го нагласуваат широкиот став возилото како и нискиот центар на гравитација
  • Нов дизајн на предниот дел на возилото со т.н “катамаран” архитектура, нов изглед на предните светла, нов дизајн на предната решетка како  и поедноставен изглед на областа околу централниот симбол на Toyota.
  • Нова задна врата, задни светла и нов браник
  • Нови бои на екстериерот вклучувајќи и двобојни каросерии, како и нов дизајн на тркалата
  • Нови бои и тапацири во внатрешноста
  • Нов изглед на инструмент таблата кој вклучува нови бои и TFT мулти-екран за информирање

Новиот Yaris на нашиот пазар ќе биде достапен со три нивоа на опременост кои како стандард ќе вклучуваат 7 воздушни перничиња, систем за стабилност на возилото (VSC),клима уред,аудио систем,bluetooth. Во понуда ќе бидат сите 3 достапни мотори. Како и сите други возила на Toyota, новиот Yaris ќе има вистинска фабричка  гаранција од 6 години/200.000 Км и во периодот што следи возилото ќе го понудиме со промотивна цена од 9.990 Евра (619.380,00 денари), понуда која се однесува на моторот 1.0 и Terra ниво на опременост. Со оваа понуда веруваме дека ќе бидеме конкурентни во Б сегментот на возила кој зафаќа 22% од вкупната продажба на нови возила во Македонија и ќе успееме да земеме дел од “колачот” во овој сегмент.

Поврзани новости