Новиот сој Омикрон стигна во Албанија?

by fokus

Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, рече дека како и сите други земји и Албанија е загрижена кога станува збор за ширењето на варијантата Омикрон во повеќе земји, упатувајќи апел за имунизација од Ковид-19.

Во врска со информациите дека оваа варијанта веќе пристигнала во земјата, таа изјави дека Институтот за јавно здравје ќе испрати примероци за анализа во странски лаборатории, по што ќе се знае дали оваа варијанта циркулира и во Албанија.

– Институтот за јавно здравје ги подготвува примероците според протоколите за да ги испрати за анализа. Потоа ќе знаеме со сигурност дали оваа варијанта циркулира и кај нас. Она што многу значајно е да го подигнеме нивото на внимателност, рече таа.

Додаде дека Националниот комитет на експерти ќе направи проценка на епидемиолошката состојба за да оцени дали се потребни дополнителни ограничувачки и други мерки.

Според Манастирлиу од средината на јануари кога почна вакцинацијата до сега аплицирани се 2.103.351 дози, од нив 1.072.645 примиле прва доза, 961.013 две и 67.381 трета доза.

Поврзани новости