Новиот директор на ЦИА е поранешен амбасадор на САД во Москва

by Fokus

Американскиот Сенат вчера изгласа уште два нови члена на администрацијата на Џо Бајден. Вилијам Бернс е потврден за директор на Централната разузнавачкка агенција (ЦИА), а Завијер Бесера за министер за здравство.

Бернс 33 годни беше дипломат и е поранешен амбасадор во Москва. Тој има атипичен профил за директор на ЦИА, бидејќи ните е војник, ниту политичар, ниту разузнавач.

Шшефица на американската Разузнавачка служба Аврил Хејнс го поздрави именувањето на Бернс истакнувајќи оти тој е „извонреден државен функционер,кој поголемиот дел од својот живот го посветил на служење на владата“.

Поврзани новости