Новинарско сведоштво од крвавиот четврток: Не опколија и ни ги бараа снимките

by fokus

Новинарката Наташа Стојановска од телевизија 24 објави сведоштво на порталот Фактор за случувањата од насилствата во Собранието.

-Се обидовме тоа да го пренесеме во живо со телефоните, но кога насилниците видоа дека снимаме – го земаа телефонот и почнаа да го фрлаат. Почнаа да не влечат, тегнат и вербално да не напаѓаат. Не опколија 15 –тина мажи. Наспроти две жени! Непресметливи ликови од кои извираше агресија и насилство – ни урлаа! Очајно барав некој со кој ќе можам да се разберам, пред да биде предоцна. Еден од нив, во тој момент ми изгледаше поразумен. Го убедив да ме извади топлата со која бев опкружена за да му покажам дека немам снимки. Се согласи. Но ме внесе во соседната просторија, што ми предизвика уште поголем страв, бидејќи останав сама со него.  Обидот на колешката Душица да влезе заедно со мене заврши безуспешно а таа доби удар. Додека тој  ми го проверуваше телефонот дојдоа уште двајца. Откако тројцата демонстранти,  видоа дека немам снимки во телефонот,  почнаа да се правдаат дека ситуацијата излегла од контрола и дека немаат намера да ме повредат. Се расплакав. Пред луѓе кои не ги знам. Се обидоа да ме смират. Дозволија колешката Душица да влезе. Донесоа и вода, ми мереа и пулс, пишува Стојановска.

Целото сведоштво прочитајте го на овој линк.

Поврзани новости