Новинарските здруженија од Македонија и од Србија: Да не се екстрадира Зоран Божиновски!

by Фокус

Здруженијата на новинарите на Македонија и на Србија бараат министерот за правда во српската влада, Никола Селјаковиќ, да не дозволи екстрадирање на новинарот Зоран Божиновски во Македонија.

„ЗНМ и ЗНС се загрижени што Божиновски ја чека одлуката за екстрадиција во есктрадициониот притвор и по истекот на законскиот рок од четири месеци, како и поради обвинувањата за шпионирање и злосторничко здружување со кое го товари Македонија. Здруженијата стравуваат дека Божиновски ќе нема фер судење и истакнуваат дека и Србија, со евентуалната екстрадиција би се компромитирала  пред меѓународните демократски институции“, стои во заедничкото соопштение.

Делегација од двете Здруженија во средата, 21 мај, го посетиле Божиновски во затворот во Нови Сад.

Поврзани новости