Новинарот на „Инфомакс“ бил приведен затоа што одбил да се легитимира и давал отпор

by fokus

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, МВР соопшти дека тој одбивал да се легитимира и дал активен отпор. МВР наведува дека согласно процедурите, лицето било однесено во полициска станица и по утврдувањето на неговиот идентитет веднаш било пуштено.

Министерството за внатрешни работи апелира новинарите и снимателите кои ги извршуваат своите работни задачи во текот на известувањето да го почитуваат етичкиот кодекс на однесување и со своите постапки да не ги попречуваат службените лица во извршувањето на своите задачи, при заштитата на јавнот ред и мир.

Од МВР потсетуваат дека изминатиот месец во соработка со ОБСЕ и ЗНМ одржале низа работилници во неколку градови, на кои учествувале новинари и вработени во МВР се со цел да се избегнат недоразбирања, меѓу другото, и на вакви јавни собири.

Поврзани новости