Новинарот Гоце Каревски е загинатиот во железничката несреќа кај Битола

by fokus

Во железничката несреќа што се случи вчера наутро во близина на Битола животот го загубил поранешниот новинар, дописник на „Нова Македонија” и „Утрински весник” Гоце Каревски, на возраст од 56 години. Каревски последните години работеше како такси возач. Несреќата се случила кај населбата горно Оризари на отворен железнички премин на кој нема рампа. Деловниот воз Битола-Скопје во 5.30 минути на неколку километри од железничката станица налетал на такси возилото со кое управувал Каревски, јавија битолските медиуми.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот, објави Тв Тера.

Поврзани новости