Новинарката Сузана Тодоровска Павловска загина во сообраќајката кај „Зебра“

by Фокус

Во сообраќајна несреќа синоќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио.

Таа го загуби животот пред ТЦ „Зебра“, откако во неа удри патничко моторно возило „опел корса“. Во несреќата возилото излегло надвор од коловозот, удрило во метална ограда, скали и во излог од еден од локалите на улицата „Народен фронт“. Како последица на несреќата, Тодоровска Павловска им подлегнала на повредите, а возачот и сопатникот на патничкото моторно возило се здобиле со полесни повреди.

Тодоровска Павловска од 1991 работеше во вториот програмски сервис на Македонското Радио.

Поврзани новости