Новинарката на „Фокус“, Валентина Вурмо, доби награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство

by fokus

Новинарката на ,,Фокус” Валентина Вурмо ја доби втората награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2021 година.

Наградата ја доделува Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружението на новинарите на Македонија и UNHCR Скопје.

Вурмо наградата ја доби за написот „ЖИВОТ ВО КАФЕЗ -Државата не го брои Судахан во живите, но го „оживеа“ само кога требало да го пикне зад решетки!”- Сторијата беше објавена на сајтот на Фокус.

Првата награда ја доби новинарката Соња Делевска од СДК, за написот „Почина 19-годишното момче што државата го остави без извод и здравствена книшка, единствен доказ дека постоел се петките во свидетелствата”.

Трета награда му е доделена на Дарко Штаргоски за мултимедијалниот производ ,,За добивањето на државјанство во Македонија чекаат и по 15 години – скратени им се огромен број права”- медиум на објавување : Инфо Компас.

Линк до наградената сторија на ,,Фокус”.

Поврзани новости