Новинарката Кети Гетева нова портпаролка на Филипче

by fokus

Новинарката Катерина Гетева која работеше во телевизија Алфа ќе биде новата портпаролка на министерот за здравство, Венко Филипче, дознава неофицијално Фокус.

Засега ниту Гетева, ниту од Министерството за здравство не ја потврдуваат, ниту пак ја демантираат информацијата. Единствено ни соопштија дека утре ќе има официјално соопштение од Министерството за здравство.

Гетева претходно работеше во згаснатата А1 телевизија.

Освен Гетева и други новинари од телевизиите се на портпаролски места во министерствата, Гоце Андреевски од утринската програма на Телма и Александар Видиновски од Канал 5. Андреевски во Министерството за внатрешни работи, а Видиновски во Министерството за правда.

Поврзани новости