Новинарка сведочеше за „Тврдина-Таргет“: Кога ми дадоа папка со транскрипти, добив сознание дека сум прислушувана

by Fokus

Новинар, режисер и поранешни вработени во МВР-УБК денеска сведочеа во предметот „Тврдина-Таргет’’. Новинарката Мери Јордановска-Чанчаревиќ, рече дека дел од разговорите биле прераскажани, додека пак дел биле дијалог.

– Во папката имаше наведено 10-20 разговори меѓу мене и различни лица. Дел од разговорите беа прераскажани, а дел како диалог. Тогаш добив сознание дека сум била прислушувана, рече новинарката Јордановска-Чанчаревиќ, која уште додаде дека се чувствува како оштетена, односно ќе биде вклучена во граѓанската постапка која е најавена за овој случај.

 

Поврзани новости