Новинарка избркана од протестот на ГДОМ

by Фокус

На новинарката Вања Мицевска од националното радио „Канал 77“ и било забрането да ги следи вечерашните протести на ГДОМ во Штип. 

Во момент кога им се придружила, еден од демонстрантите и рекол да си замине и да премине на другата страна на реката Отоња, каде се одржувал протестот на Шарената револуција.

Мицевска вели дека се легитимирала и побарала непречено да си ја извршува својата работа, меѓутоа се вмешал полицаецот, кој го обезбедувал протестот и и рекол да ги послуша и да си замине. Таа вели дека не и јасно зошто денес била избркана од протестот, кога деновите наназад неколкупати известувала за собирите на ГДОМ.

Од „Канал 77“ велат дека за инцидентот ќе ги известат новинарските здруженија.

Поврзани новости