Новинарка истури измет пред влезот на Влада

by fokus

Хрватската новинарка Ива Анзуловиќ денеска истурила кофа полна со фекалии пред влезот на хрватската Влада во Загреб. Според „Вечерњи лист“, ова е втор пат новинарката да го стори тоа, а причината е несериозноста во борбата против корупцијата во Хрватска.

– Ќе ги поливам со измет сите за кои аргументирано, според новинарски текстови, се знае дека се криминалци. Од денеска ниту еден докажан криминалец нема да се чувствува безбедно било каде во јавноста, и ниту една институција нема да знае кога ќе ја гаѓам со фекалии, напиша Анзуловиќ на нејзината Фејсбук страница.

За време на протестот таа носела мајца со ликот на новинарот Синиша Главашевиќ, убиен за време на српската опсада на Вуковар

Поврзани новости