Новинарите Реса и Муратов се добитници на Нобеловата награда за мир

by Fokus

Новинарите Марија Реса и Дмитриј Муратов се добитниците на годинашната Нобелова награда за мир. Реса е новинар и писател од Филипините, додека Мурат е главен и одговорен уредник на рускиот весник „Новаja газета“.

Оваа година за Нобеловата награда за мир беа предложени 234 лица, меѓу кои и рускиот опозиционер Алексеј Навални, климатската активистка Грета Тунберг и белоруската опозиционерка Светлана Тихановска. На списокот беа и 95 организации – „Животите на црнците се важни“, Светската здравствена организација, НАТО и „Репортери без граници“.

Бројот на номинирани оваа година е трет по големина од 1901 година. Претходниот рекорд од 376 кандидати беше поставен во 2016 година. Минатата година, Светската програма за храна на ОН ја доби Нобеловата награда за мир за напорите да се спречи употребата на гладот ​​како оружје за војна и конфликти.

Нобеловата награда за мир е единствената што се објавена во Осло, а не во Стокхолм.

 

Поврзани новости