Новинарите пред судот ќе го искажат својот револт од одлуката на Апелација за Кежаровски

by Фокус 19:42
19:42

Претставници на Здружението на новинари на Македонија, Новинарскиот синдикат и Иницијативниот одбор најавија дека утре, пред судот ќе дадат изјави за медиумите, во врска со одлуката на Апелација, со која првостепената казна од 4,6 години затвор за новинарот Томислав Кежаровски се намали на две години.

-Утре во 11 часот ве повикуваме сите пред Апелациониот суд, каде што ќе го искажеме револтот од оваа одлука, велат од Здружението на новинари и Новинарскиот синдикат.

- Advertisements -

Новинарите се револтирани од одлуката на Апелација, која беше соопштена денеска, а според која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок.

Со првостепената пресуда Кежаровски беше казнет со четири и  пол години, а сега со двојно помалата казна практично до некаде му се покрива притворот. Тој првично зад решетки, а потоа во домашен, ја брои втората година од која му остануваат само три месеци. Дали сега ќе мора да ги одлежи тие месеци како затворска казна или ќе се најде начин Кежаровски да не оди во затвор, ќе мора да се почека официјалната пресуда на Апелација за да се види одлуката за притворот. Во Основниот суд, со оглед дека е изминато работното време, за утре оставија да соопштат како ќе се постапува околу притворот.

Поврзани новости