Новинар загина во бомбашки напад во Авганистан

by Fokus

Новинарот на авганистанското радио Елиас Даџи загина денеска кога експлодирала бомба прикачена на неговиот автомобил.

– Во нападот се повредени уште три лица, меѓу кои и едно дете, изјави портпаролот на гувернерот на покраината, Хелманд Омер Звак.

Директорот на радиото, Азади Сами Махди, на Твитер потврди дека неговиот колега и пријател Елиас Даџи е убиен во терористички напад утрово.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, што следеше неколку дена по убиството на поранешниот водител на ТОЛО ТВ во Кабул.

Поврзани новости