Новинар од МПМ тврди: Медиумите намерно не се продаваа на неистомисленици на ВМРО!

by Fokus

Новинар вработен во еден од порталите на медиумската куќа МПМ, кои што од утре ќе згаснат, а чиј идентитет е познат на нашата редакција, тврди дека нивниот менаџмент имал неколку купопродажни понуди, и компании биле заинтересирани за купување на порталот, но потенцијалните купувачи биле одбиени поради политички причини.

Имено, од менаџментот на МПМ не сакале нивните медиуми да завршат во рацете на компании и лица кои што имале исти или слични политички идеали со СДСМ, па поради тоа не биле склучени купопродажните договори.

,,Нашиот портал имаше голема читаност. Затоа и доби неколку понуди од компании кои што сакаа да го купат. За една од компаниите, јас лично се потрудив да стапи во контакт со менаџментот. Но како што претпоставував, ништо не излезе од продажбата. Очигледно беше дека на менаџментот не му одговараше купувач кој што идеолошки е поблизок со СДСМ отколку со ВМРО. Затоа, дознав подоцна, дека од МПМ за порталот барале страшно висока сума, се со цел да ги одбијат потенцијалните купувачи на културен начин.

Свесно беше направена штета на грбот на вработените” – вели тој.

,,Имавме десетици илјади прегледи дневно, луѓето не читаа, но ете, не бевме на продажба за било кој, кој што не делеше исти ставови со ВМРО. Затоа сега, стотици вработени ќе се чудат како да си го најдат крајот” – раскажува нашиот соговорник, инаку со години наназад водечки новинар во еден од порталите на МПМ.

Освен дневниот весник весник Дневник, од утре се затвораат и сите портали на МПМ.

Поврзани новости