Нови три случаи на корона вирус во Кавадарци: Инфицирани млади момчиња и девојка

by Fokus

Нови три случаи на корона вирус во Кавадарци денеска. Станува збор за една девојка и две момчиња на возраст од 19 до 22 години.

Како што информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци, лицата биле веќе во изолација поради контакт со позитивен случај.

Со блага клиничка слика остануваат на домашно лекување. Во текот на вчерашниот ден, од Центарот информираат за осум позитивни случаи во Кавадарци, но во попладневните часови пристигна позитивен резултат од уште едно лице, со што вчерашната бројка во Кавадарци се искачи на девет инфицирани.

Вики Клинчарова

Поврзани новости