Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

by Fokus 08:38
08:38

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Титаник“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради, бидејќи во судница не беа присутни поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор во затворот „Скопје“.

- Advertisements -

Судот ќе треба да се изјасни по барањето на застапникот на обвинението на поранешниот премиер Никола Груевски, да му се суди во отсуство.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.

Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Поврзани новости