Нови пријави за крвавиот 27 април, од новинар одземени фотоапарат, камера, мобилен телефон

by Fokus

Продолжува истрагата за немилите настаните кои се случија на 27 април во Законодавниот дом, а притоа, денеска до ОЈО е поднесена кривична пријава против А.К. за сторено кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Според МВР, при претрес на неговиот дом и други простории биле пронајдени важни предмети за кривичната постапка.

„Доставено е известување во врска со извршени разговори со повеќе лица новинари, како и со лицето М.П., а се однесуваат на дејствијата околу расветлувањето на обидот за убиство врз Зијадин Села.

Воедно, по наредба за претрес од Основен Суд Скопје I, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на едно лице (новинар), при што се пронајдени и одземени предмети (фотоапарат, камера, УСБ, преносен компјутер, мобилен телефон и ДВД) кои како важни предмети може да послужат во кривичната постапка. Истите по извршеното вештачење со известување дополнително ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство Скопје.

Исто така, ОЈО Скопје е известено во врска со утврдување на присуство на странски државјанин во Собранието, а се однесува на две кривични дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Од извршениот преглед на доставените видео материјали констатирано е дека се работи за Г.Ж. српски државјанин, известуваат од МВР.

Притоа, утврдено е дека лицето во временскиот период од 22:04 до 00:11 минути е присутен внатре во Собранието.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27/04/2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните“.

Поврзани новости