Нови мерки за ограничување на јавниот превоз и работа во смени или од дома на администрацијата

by Фокус

Работа на економските оператори до 23 часот, ограничување на јавниот превоз до 50 отсто, јавната администрација да организира работа во смени или онлајн од дома – ова се новите мерки што Комисијата за заразни болести ги предлага до владата, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Со овие мерки, заедно со мерките за задолжително носење на маски на отворено, забрана за гурпирање после 23 часот, забрана за семејни прослави, може да се намали бројот на заразени, ако се почитуваат мерките и препораките – рече Филипче.

Тој порача дека овие мерки се последен чекор пред воведување на полициски час, односно забрана за движење.

Поврзани новости